Модриќ: Роналдо ми прати смс порака


Најдобриот европски фудбалер, Лука Модриќ вчера изјави дека Кристијан Роналдо му честитал за наградата преку смс порака.

„Ми рече дека е среќен поради мене“, соопшти Хрватот.

Наградата на УЕФА го налути Португалецот, кој дури и не присуствуваше на церемонијата. Неговите најблиски соработници признаа дека бил гневен што не ја добил наградата, имајќи предвид дека го донесе Реал до европската титула. Но, истото го направи и Модриќ, а згора на тоа, со својата репрезентацијата стигна и до финалето на Светското првенство во Русија. Веќе за две недели, ФИФА ќе го прогласи најдобриот светски фудбалер. Според прогнозите, и оваа награда ќе оди во рацете на хрватското маестро.