Могерини: Им се јавив на Вучиќ и Тачи, потребно е смирување на ситуацијата
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, вечерва соопшти дека разговарала телефонски со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот претседател Хашим Тачи, и дека го осудува тоа што се случи во Косово.
– Им се јавив на Вучиќ и Тачи. Го осудувам тоа што денеска се случи на Косово. Ѓуриќ сега е слободен и се враќа. Потребно е смирување на ситуацијата и сочувување на дијалогот, напиша Могерини на Твитер.