Могерини: ЕУ ќе продолжи да го почитува „меѓународниот консензус“ за Ерусалим


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави денеска дека Унијата ќе продолжи да го почитува „меѓународниот консензус“ во врска со Ерусалим.

Таа во Брисел изјави дека единствено „реално решение за конфликтот меѓу Израел и Палестинците е засновано на државно решение со Ерусалим како главен град на две држави“.

Могерини денеска ќе има состанок со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да се најде решение за проблемот откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за главен град на Израел.

Нетанјаху денеска изјави дека очекува и голем дел од државите од Европската унија да го признаат Ерусалим за главен град на Израел.

Тој ја даде таа изјава во Брисел, пред состанокот со министри за надворешни работи на ЕУ и оцени дека таквиот чекор ќе придонесе за мирот на Блискиот исток.

Тој ги повика Палестинците да го признаат Израел како еврејска држава и да го прифатат Ерусалим за главен град.