Мнозинството граѓани и натаму не прифаќаат никаква промена на името


Никаква промена на името, е ставот на мнозинството граѓани или 47,1 насто, покажува најновата анкета на МЦМС и Институтот за демократија. Само  14,4 отсто, би прифатиле „двојна формула“, а 14,1 отсто, име за севкупна употреба или erga omnes.  Договорено име за во меѓународните организации, е прифатливо за 13,6 отсто  од испитаниците, додека 10,1 отсто, би поддржале договорено име за севкупна меѓународна употреба.

Споредено со последната анкета на МЦМС од 2013-тата година, има пад од 15 процентни поени во противењето на каква било промена на името, но негативниот став и натаму доминира.

Во анкетата на МЦМС и Институтот за демократија, која ќе биде презентирана во вечерашното издание на емисијата Топ Тема на Ваша страна на Телма телевизија, а е спроведена теренски од петти до 20 април на 1.004 испитаници, се опфатени и ставовите на граѓаните за географската одредница, идентитетските прашања, и за референдумот.