Младата Антонела преработи песна од Адел


Младата Антонела Трајковска, со преработка на композицијата „Million years ago“ од мега-ѕвездата Адел ќе ја освојува македонската сцена. Како дел од музичкото училиште и продукција „Music room“, Трајковска работи на креирање на нови материјали, преку кои ќе го покаже својот талент.

„Ние како продукција и музичко училиште, застанавме позади реализацијата на овој видео-спот и преработката на композицијата. Таа е инзвореден талент, кој допрва ќе покаже што знае. Работиме на усовршување на младите таленти, бидејќи само така се стигнува до врвот. Верувајте, има многу. Наскоро, тие ќе бидат презентирани пред јавноста, бидејќи заслужуваат да бидат видени и чуени“, вели Анита Мицова, естраден уметник и основач на продукцијата.

Според неа, Трајковска со труд и работа, ќе биде видно име на естрадата.