Мијатовиќ: Голема е веројатноста Мурињо да се врати во Реал


Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, смета дека Жозе Мурињо може да се врати на тренерската позиција во „Кралскиот клуб“.

Португалецот пред два дена доби отказ од Манчестер Јунајтед.

  • Не можам да кажам во проценти колкави се шансите, но постои можност и тоа голема. Зошто  го тврдам ова? Затоа што Флорентино Перес го сака Мурињо и мислам дека го контактира секогаш кога доаѓа до смена на тренерот, изјави Мијатовиќ.

Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година и го освои шампионскиот трофеј во сезоната 2011/2012.

Во Лигата на шампионите, Реал под водство на Мурињо три пати беше елиминиран во полуфиналето – од Барселона, Баерн и Борусија Дортмунд.