Мијалков остана без полициско обезбедување


Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК),  Сашо Мијалков остана без полициско обезбедување. Оваа одлука неофицијално била донесена пред 2 август.
Извори од МВР за Телма, потврдија дека е донесена одлуката за обезбедувањето на Мијалков.
Полициското обезбедување на поранешниот директор му е укинато откако се извршени соодветни безбедносни проценки и е утврдено дека нема потреба од него.
По напуштањето на функцијата во мај 2015-та, Мијалков доби службено полициско обезбедување, а тоа не беше укинато ниту по промената на власта. Министерот Спасовски тврдеше дека обезбедувањето му е определено поради безбедносни проценки за можен ризик.