Мишел Обама со прво интервју како граѓанка: Што имаше во подарокот од Меланија Трамп?


САД- Мишел Обама го даде првото интервју по извршување на функцијата Прва дама на САД токму во шоуто на Елен Деџенерис.

Елен не ја пропушти можноста да го постави прашањето кое сите нè интересираше од денот на инаугурацијата: Што имаше во подарокот од Меланија Трамп?

Спакуван во Тифани кутија, Мишел ја откри содржината на подарокот:

„Внатре имаше прекрасна рамка,“ пред да продолжи да објаснува дека подарокот бил целосно неочекуван и ненајавен, па затоа биле оние неколку секунди на збунетост.