Мишел Обама на одмор во Мајами: Сè уште ја третираат како прва дама


Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама (53), и нејзината ќерка Малија зимските денови ги користат за одмор на плажа.

Папараците ги уловија на една плажа во Мајами, а во нивно присуство беа и поранешниот административен советник на Обама, како и персонал на тајната служба.
Американските медиуми пишуваат дека третманот како прва дама на земјата очигледно на Мишел сè уште ѝ годи.
Таа беше облечена лежерно во бело бикини, комбинирано со бели шорцеви со висок струк и бела тенка кошула, додека пак Малиа е облечена во црн долен дел бикини и дуксер.
Подоцна истиот ден тие се фотографирани како го напуштаат хотелот во кој биле сместени за време на викендот.