Мицкоски: Собранието не функционира бидејќи голем дел од пратениците се во странство


Собранието може да функционира и ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија која што го спречува функционирањето на Собранието, напротив ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што води сметка за државните и националните интереси, рече денеска на прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Собранието може да продолжи да функционира, колку што сум запознаен голем дел од пратениците се надвор од државата и токму тоа е причината зошто Собранието во овој момент не функционира, рече Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали ќе почне Собранието да функционира, поставено на денешната негова прес-кофнеренција, каде објави дека ВМРО-ДПМНЕ стана членка на Центристичката Демократска Интернационала.

На прашањето дали поднесувањето на 35 илјади амандмани се во координација со пратеничката група, Мицкоски рече:

„Сите чекори кои што ВМРО-ДПМНЕ ги превзема во Собранието на Република Македонија се во апсолутна координација со актуелното раководство на партијата, а дел од актуелното раководство на партијата се и пратеници во Собранието на Република Македонија. “