Мицкоски на средби со Јанша, Вучиќ и Пленковиќ


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски заминуваат на мини турнеја во регионот, јави МИА. Тие ќе остварат средби со политичари од Словенија, Хрватска и Србија.

Предвидени се средби со претседателот на СДС и поранешен премиер на Словенија Јанез Јанша, претседателот на ХДЗ и премиер на Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и претседател на Србија Александар Вучиќ. На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка и соработката меѓу партиите. Со ова, како што сенаведува, ВМРО – ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот, како и на зацврстување на меѓусебното пријателство.

На оваа балканска турнеја претходеа средби на претседателот Мицкоски во Вашингтон САД, а претходно во официјален Брисел.