Мицкоски бара да се провери имотот на сите политичари


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара лустрација на сите политичари во земјата преку проверка на нивниот имот.

-Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев, напиша Мицкоски на Твитер.