Мицковски преку Фејсбук побара извинување од Миновски


Конференцијата за медиуми на Миновски е наменета за одвлекување на вниманието од скандалите со коруптивните бизниси кои се склучуваат во четири очи во оваа компанија, реагира Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од генералниот директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски на денешната прес-конференција.

Мицкоски вели дека Миноски призна дека помалку произведуваат од истиот период лани и тоа за 10%, дека имаат прелив и притоа губат значителни количини електрична енергија и немаат развојна политика.

Миноски со лаги, клевети и измислени тези упатени кон мене сака да ја покрие вистината за тоа како најпрво поништуваат тендери, и наместо вториот најповолен понудувач со веќе објавена цена се избира иситата таа фирма, но овој пат со далеку повисока цена, и во договор во 4 очи, како се прави оглас за милионски тендери со услови кои може да ги исполни само една компанија, и како тие услови преку ноќ се менуваат само за да се покрие скандалот и ред други неправилности кои повлекуваат сомнежи за сериозен криминал, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.

„Затоа колега Миноски ќе имате период од 48 часа да испратите јавно извинување за сите клевети и навреди што ги изнесовте денес, а притоа му нанесовте штета на мојот углед и чест или во спротивно сѐ што изнесовте денес ќе мора да го докажувате низ судска постапка. Одите во погрешен правец и ве советувам пола од енергијата која ја трошите да ме извалкате со невешто читање на напишани соопштенија да сработите нешто за доброто на татковината, за граѓаните, за ЕЛЕМ. За сите злоупотреби кои ги исполнувате за вашите нарачатели ќе одговарате и ќе одговарате многу скоро“, пишува Мицкоски на Фејсбук.