Министрите на ЕУ се поделија во Софија


СОФИЈА  – Министрите за надворешни работи на Европската унија не се согласуваат со предлогот на Eевропската комисија  блокот да изврши притисок за проширување во Западен Балкан. На состанокот во Софија  министрите на ЕУ за првпат разговараа за планот на Европската комисија со кој 2025 година е утврдена како цел кога  Србија и Црна Гора треба да станат членки на Унијата.

Унгарскиот министер Питер Сиарто беше “многу разочаран” од овој датум бидејќи смета дека првите две земји од Западен Балкан треба да бидат примени веќе во 2022 година.

“Мислам дека 2025 е многу доцна и земјите заслужуваат многу побрз пат кон интеграција”, изјави тој , истакнувајќи дека влезот во ЕУ ќе помогне во намалувањето на тензиите меѓу соседите во регионот.Но, Германија, водечката сила на ЕУ, не е многу расположена за тоа, посочувајќи на недостатоците во владеењето на правото во поновите земји-членки – од Романија и Бугарија, до Полска и Унгарија.

“Само што дојдов од Србија и Косово и ситуацијата таму е исклучително тешка. Денес ќе зборуваме искрено за ова “, рече германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

Одбивањето на Србија да ја признае независноста на својата поранешна покраина Косово – нешто што е прифатено од повеќето, иако не сите држави на ЕУ – е само еден пример на нерешливи регионални спорови кои ја загрозуваат западната интеграција на Западен Балкан.

Дипломатите на ЕУ велат дека корупцијата и моќните криминални банди, кои шверцуваат оружје, дрога и мигранти преку европските граници, се наоѓаат на долгиот список на проблеми со кои шестте балкански кандидати ќе треба да се справат за да некогаш им биде дозволено да влезат во ЕУ.Полска, Италија и Австрија се во прилог на засилување на напорите за отварање на Унијата кон  регионот, во кој има зголемено влијание од Русија и Кина.

“Кој ќе биде прв во Белград – Кина или ЕУ? Тоа е тоа  на што ние треба да се спротивставиме, бидејќи тоа е нашето непосредно соседство “, изјави австриската министерка Карин Кнајсл за новинарите.Но, словенечкиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец, сметаше дека дури и 2025 година не е “реална” како цел, велејќи дека на земјите од Западен Балкан ќе им треба повеќе време за да ги решат своите спорови и да ги исполнат критериумите за влез во ЕУ.Францускиот Жан-Ив Ле Дриан исто така беше претпазлив.

“Јасно е дека постојат услови и дека тие услови треба да се исполнат”, изјави тој.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека ќе биде домаќин на шефовите на балканските држави на 1-ви март на разговори со шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за изградба на нови автопати и железници за подобрување на врските со ЕУ.

.