Министерство за транспорт се огради од чочекот: Не сме организатори на забавата на автопатот


Министерството за транспорт и врски реагира на написите објавени во медиумите за чочеците кои беа дел од прославата на отворањето на автопатот Демир Капија – Смоквица.

„Министерството за транспорт и врски се оградува од секаква активност поврзана со овие информации. Исто така сакаме да Ве информираме дека ниту Министерството за транспорт и врски ниту друга државна институција не е организатор на било каква забава. Во однос на сите други информации, Ве упатуваме да се обратите до Изведувачот на проектот“, стои во нивното соопштение.

Автопатската делница Демир Капија – Смоквица е целосно завршена и од денеска ќе биде пуштена во сообраќај за секаков вид на возила.