Министерство за култура: Филмот „Ругање со Христос“ е навредлив


Министерството за култура испрати рекација во која го осудува финансирањето на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи. Тие велат дека Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура, но заедно ги осудуваат решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните.

Од министерството за култура велат дека овој филм добил финансиска поддршка во 2015 година. Дополнително, Министерството информира дека се подготвува ново законско решение кое ќе ги спречи ваквите злоупотреби во иднина и ќе овозможи контрола врз темите, идејите и пораките што ги праќаат филмовите.

„Министерството и Агенцијата за филм потенцираат дека ова е последен пат со парите на граѓаните се снимаат филмови кои ги навредуваат истите тие граѓани. Такви тенденциозни играња со историја, настани кои наштетуваат на соживотот и животот на граѓаните, финансиери на истите дела, веќе нема да најдат поддршка“, стои во соопштението, во кое се наведува дека Агенцијата за филм веќе започнала голем број на постапки за проекти финансирани во минатото.