Министерство за култура: Отворена јавна дебата за предлог-законот за јавниот интерес во културата


Министерството за култура, утре, во 10 часот во Кинотеката на Македонија, организира отворена јавна дебата по предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата.

Воведни зборови ќе имаат: министерот за култура Асаф Адеми, националниот координатор за култура во Владата, Роберт Алаѓозовски и координаторот за законот, посебниот советник на министерот, Златко Теодосиевски.