Министерот го пријавил имотот: Филипче има два стана, куќа и вози „мерцедес“ од 16.000 евра


Два стана, куќа, два автомобила и акции е имотот што го пријавил министерот за здравство Венко Филипче. Имотната состојба на Филипче е објавена на интернет-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Како личен имот, Филипче пријавил стан од 130 квадратни метри во Скопје, со вредност од 7,8 милиони денари (околу 126.000 евра), куќа од 464 квадратни метри, исто така во Скопје, вредна 2,78 милиони денари и автомобил „мерцедес бенз 204“ со вредност од еден милион денари (околу 16.000 евра). Дополнително, има и акции чија вредност не е наведена.

Сопругата на Филипче вози „мазда 2“ од 240 илјади денари.

Како заеднички имот, во имотниот лист е наведен стан во Скопје од 50 квадратни метри, вреден три милиони денари.