Милијардерот Џеф Безос се разведува заради мажена жена: Која е Лорен Санчез?


САД- Само неколку часа пред американските медиуми да ја обелоденат неговата љубовна афера, најбогатиот човек на светот Џеф Безос, првиот човек на „Амазон“ објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи по 25 години брак и четири деца. Која е неговата нова љубов?

Безос имал повеќемесечна афера со Лорен Санчез (49), пилот на хеликоптер и поранешна ТВ презентерка, која исто така, сега се разведува од познатиот холивудски ловец на таленти Патрик Вајтсел со кого има три деца.

Американските медиуми тврдат дека Безос ја носел 49-годишната атрактивна црнокоса на егзотични патувања со неговиот приватен авион и разменувале еротски фотографии и пораки. Папарацо фотографите го имаат ловено вљубениот пар на разни дестинации.

Џеф Безос (54) е најбогат човек во светот, со богатство кое достигна повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговиот удел во „Амазон“, кој повторно стана највредна компанија на Волстрит. Од скромни почетоци како онлајн-книжар, Безос и „Амазон“ се разгранија во речиси секоја категорија на производи.