Милан размислува да му врачи отказ на Гатузо


Раководството на Милан размислува за смена на тренерот Џенаро Гатузо, доколку не избори пласман на европските натпревари, објави „Газета дело спорт“.

На две кола пред крајот Милан е шести на табелата со 60 бодови и има еден повеќе од Аталанта и три од Фиорентина, а доколку сезоната ја заврши на осмото место тогаш Гатузо веројатно ќе добие отказ.

Весникот наведува дека тоа би била интересна ситуација ако се земе предвид фактот дека Гатузо неодамна потпиша двегодишен договор со Милан. Тој за тренер беше назначен во ноември минатата година, откако Винченцо Монтела доби отказ. Поради добрите резултати управата на клубот минатиот месец реши да му понуди подолгорочен договор.

„Газета дело спорт“ наведува дека ако ова се случи, Милан ќе се обиде да го донесе тренерот на Наполи, Маурицио Сари.