Милан и Интер ќе градат нов стадион


Италијанските гиганти Милан и Интер планираат да градат нов стадион.

Двата клуба од Милано ќе здружат сили не само во реконструкцијата на „Џузепе Меаца“, туку и во голема мера да инвестираат во изградбата на нов модерен стадион.

Ова го соопшти претседателот на „росонерите“ Паоло Скарони на вчерашната Божиќна прослава во Милано.

– Ги претставувам сопствениците на клубот, кои инвестираа многу пари и работат на новиот стадион во Милано. Планираме да изградиме нов стадион со Интер. Ние не започнавме на најдобар начин, но сме четврти и ова е најважното нешто. Ние сакаме Милан да се врати во Лигата на шампионите. Важно е да го задржиме четвртото место, изјави претседателот Скарони.