Вчера и денеска 990 деца примиле МРП вакцина


Во текот на вчерашниот и денешниот ден 990 деца примиле МРП вакцина. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре и задутре ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари, овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот, информираат од Министерството за здравство.