МЗТ Скопје Аеродром со свој тим и во јуниорската АБА лига
Регионалната АБА лига објави дека утре стартува и најавеното натпреварување во јуниорска конкуренција. Меѓу тимовите за кошаркари до 19 години што ќе бидат поделени во две групи и на МЗТ Скопје Аеродром.
Во групата А во Белград, покрај јуниорите на аеродромци, ќе играат уште Црвена звезда, Цибона, Мега Бемакс и Морнар, а групата Б, во Загреб, ја сочинуваат Цедевита, Партизан, Будуќност, Игокеа и Олимпија Петрол.
Прв ривал на МЗТ Скопје Аеродром ќе биде Морнар (петок, 18,30 ч.), за сабота е закажан дуелот со Цибона (11,30 ч.), а за недела со Мега Бемакс (09 ч.) и со Црвена звезда (16 ч.).
Најдобрите две екипи од секоја група ќе играат на завршниот турнир во Лакташи.