Меѓународна потерница по бегалците од 27 април


Петмина државјани на Македонија се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Како што е објавено на веб страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски. Ним им се припишува делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието. Досега се бараа само со домашни потерници. Судот во нивно отсуство им определи мерка притвор, а штом ќе бидат пронајдени веднаш ќе бидат спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.