Металург немоќен против Мешков Брест


Македонскиот вицепрвак Металург забележа нов пораз во регионалната ракометна СЕХА-лигата. Попладнево на СЦ „Јане Сандански“ подобри од Металург беа гостите од Белорусија, Брест Мешков со 34:28.

За металурзи ова беше деветти порази во 11-от натпревар, додека Мешков стигна до шестата победа.

Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Вардар вчера победи во Ниш на дуелот со Железничар.

Вардар е прв со 27 бода, Металург е на претпоследното (деветто) место со само четири бода. 

РК Металург – Мешков Брест   28:34 (13:16)

РК Металург: Даниловски (5 одбрани), Томовски (5 одбрани), Јагуриновски 2/7, Лазаревски 1/1, Димитриоски, Токиќ 2/3, Шилегов 1/2, Танкоски 1/2, Серафимов 4/6, Шпенде 4/6, Рибеиро 8/11, Пучник, Миличевиќ 0/1, Маџовски 1/2, Стојановиќ и Арсеновски 4/4.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 мин.

Мешков Брест: Пешиќ (6 одб.), Корсак (1 одб.), Потеко 3/3, Ивиќ 10/10, Пилијук 1/1, Разгор 1/1, Мочалов 0/2, Обрановиќ 1/1, Дарафејеу, Ѓукиќ 8/14, Лашчакоу, Ѓорѓиќ 10/17 и Силко.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 мин.