Меси убедлив прв во Примера по број на удари кон противничкиот гол во 2018 година


Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, имаше најмногу шута во шпанскиот шампионат во годинава што изминува.

Ѕвездата на Барселона, во 2018 година 155 пати се обидел да ги совлада противничките голмани, што е убедливо најмногу во оваа статистичка категорија.

Најблиску до меси е Хозе Моралес од Леванте со 91 удар кон противничкиот гол, односно 64 обиди помалку од Меси.

Аргентинецот е и најдобриот стрелец во историјата на Барселона со вкупно 573 гола.