Меси: Со Ронадло не ни се вкрстуваат патиштата често


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси изјави дека не негува некои посебни односи со големиот ривал на теренот, Кристијано Роналдо.

– Се гледаме само на церемониите за наградување. Тогаш и разменуваме по некој збор. Се е нормално, но нашите патишта не се сечат често, изјави Аргентинецот за „Ворлд Сокер“.

Меси се осврна и за резултатската кризата во Реал во оваа кампања.

– Ова е привремен феномен. Не за прв пат да го гледаме Реал во слична ситуација, но на крајот секогаш се борат за сите трофеи. Располагаат со квалитетни играчи и сигурно е дека ќе ја надминат ситуацијата.

Меси и Роналдо се фудбалерите кои ја одбележаа последнава деценија и кои постојано се на врвот на светскиот фудбал.