Меси неизвесен за вечерашниот дуел со Шпанија
Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси може да го пропушти вечерашниот контролен натпревар на неговата репрезентација со Шпанија
Меси уште еднаш почувствувал болка во бутниот мускул, повреда што не му дозволи да игра на контролниот меч пред три дена против Италија. Фудбалерот на Барселона ги издржа двата тренинга вчера, но денеска излегоа информации дека тој повторно се пожалил на болки.
Според најавите Меси во консултација со репрезентативниот лекар и со селекторот Хорхе Сампаоли ќе одлучи дали ќе биде дел од вечерашниот натпревар.
Почетокот на мечот во Мадрид е во 21:30 часот.