(Видео) Меркел се ракуваше со Заев пред Влада


Германската канцеларка Ангела Меркел со делегацијата пристигна во Владата, кaде што има средба со премиерот Зоран Заев.

Деталите за целата посета сѐ уште се кријат, но она што се знае е дека ќе има средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по што попладне ќе замине од Македонија, и нема да присуствува на прославата за Денот на независноста.

Освен поддршка за Договорот за решавање на проблемот со името и повик до граѓаните да излезат и да гласаат, се очекува Меркел да отвори и други прашања од меѓусебната билатерална соработка и околу регионот. Ова е прва билатерална посета на германски канцелар од независноста на Македонија и третта од највисок профил изминатите денови, по престојот на Јенс Столтенберг и Себастијан Курц.

Фото: Б.Грданоски

Видео: Влада на РМ