Меркел: ЕУ даде јасни предлози за Брегзит


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Европската Унија и дала јасни и далекусежни предлози на Велика Британија за Брегзитот и дека употребата на притисок не е вистинскиот начин да се убеди Лондон.

– Дадени се јасни и далекусежни предлози и Велика Британија настојува да бара одговори за нив, изјави Меркел, додавајќи дека сака Брегзит со договор.

На заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Шарл Мишел, Меркел нагласи дека сега останува британскиот Парламент да донесе одлука околу Брегзитот.

Мишел, од своја страна, нагласи дека последните предлози на ЕУ за Брегзитот претставуваат чекор напред.