Меркел во сабота доаѓа во Скопје


Германската канцеларка Ангела Меркел во сабота – на Денот на независноста, доаѓа во Скопје, потврди нејзиниот портпарол Стефен Зајберт. Нејзината агенда се уште не е дефинирана, но се знае дека ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Се очекува главна тема на разговорите да бидат прашања поврзани со регионалниот развој и билатералните односи, но Меркел сака со свои очи да се увери какво е расположението во земјава во пресрет на историскиот референдум за името што ќе се оддржи на 30 септември, додаваат нејзините најблиски соработници.