Мерката за зелена нафта за земјоделците од следната година
Од следната година ќе се реализира мерката за зелена нафта за земјоделците, најавија денеска од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Портпаролот на Минитстерството, Соња Јанковска изјави дека постои конзензус во Владата за ова прашање и оти во буџетот на Министерството за земјоделство има обезбедено средства за оваа намена.
– Во Владата има консензус за реализација на оваа мерка затоа што таа е предвидена и во програмата на Владата. Во Буџетот на Министерството за земјоделство има пари за поддршка за набавка на горива за земјоделска механизација и Владата оваа мерка ќе ја реализира следната 2018 година, истакна Јанковска, одговарајќи на новинарско прашање по редовниот брифинг во Владата.
Во завршна фаза се анализите, а реализацијата на оваа мерка ќе оди преку измена на Законот за земјоделство и рурален развој.