Мендух Тачи не дојде да ја слушне пресудата за „Титаник 2“


Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, не дојде во судот да ја слушне пресудата во случајот „Титаник 2“, во кој му се судеше за изборни нерегуларности за локалните избори во 2013 година.
Останатите обвинети, поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков како и останатите обвинети поранешните членови на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими од ДПА, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ, се присутни во судницата.
Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, која го води овој случај, во завршните зборови побара осудителни пресуди и затворски казни за сите обвинети.