Меланија во Малави: Поевтин моден избор


Малави– Во кафена фустан-кошула на „Јозеф“ од 800 долари и високи салонки од превртена кожа од 700 долари на „Маноло Бланик“, првата дама на САД слета во Малави, втората станица од петдневната турнеја низ Африка. Меланија Трамп (48) Гана ја напушти во тотално спортско издание и патики „Конверс“.

Меланија ја користи нејзината прва посета на Гана, Малави, Кенија и Египет за да ја промовира нејзината иницијатива „Биди најдобар“ која се фокусира на подобрување на условите на децата. Нејзиното добротворно патување се случува на само неколку месеци откако американскиот претседател и нејзин сопруг Доналд Трамп употреби вулгарен термин за континентот, по што уследи жестока критика од јавноста заради наводен расизам од страна на претседателот.

„Мислам дека патувањето на првата дама ќе покаже дека Американците, американската политика и администрацијата се повеќекратни и повеќе од само две или три пораки на Твитер“ изјави за Гласот на Америка Џон Кембел од Советот за надворешни врски.

Администрацијата на Трамп повика на значително намалување на програмите за хуманитарна помош за Африка. Сепак ваквите барања беа блокирани од страна на Конгресот.