Меган и Хари: Кралицата ја одби молбата да „раскинат“ со Бакингемската палата


Англија – Кралицата се согласила да се изгради нов дом за принцот Хари и Меган Маркл, но таа ги одбила нивните планови целосно да се ослободат од Бакингемската палата.

Новиот дом на Хари и Меган, во кој ќе биде ангажиран и поранешниот советник во изборните кампањи на Хилари Клинтон, ќе биде изграден подалеку од Бакингемската палата и директно ќе поднесува извештај до секретарот за комуникации на кралицата.
Сепак, според внатрешни извори, кралската двојка се надеваше дека целосно ќе се оддели од „Фирмата“ и ќе започне сопствен бренд.

„Тие сакаа нивниот дом да биде целосно независен од Бакингемската палата, но им било кажано „не”, изјави извор за „Тајмс”.

„Постои институционална структура која не дозволува таква независност”.

„Добро е да се има двојката под јурисдикција на Бакингемската палата, така што тие не можат само да заминат и да прават што сакаат.“

Досега принцот Хари и Меган Маркл го имаа истиот тим за комуникации како принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Сепак, наскоро тие ќе се разделат и иако Вилијам и Кејт остануваат во Кенсингтонската палата, Хари и Меган за неколку недели ќе се преселат во Фрогмор Котиџ.

Се верува дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе го задржат профилот на Инстаграм за Кенсингтонската палата, кој има преку седум милиони следбеници.

Хари и Вилијам пораснале во Кенсингтонската палата, со тоа што Вилијам сега живее во голем стан во самата палата со сопругата Кејт и нивните три деца, додека Хари и Меган престојуваат во куќа со две спални во близина, која се наоѓа на имотот на палатата.

Војводата и војвотката од Сасекс ќе се вселат во новиот дом пред породувањето на Меган.

Фрогмор Котиџ има десет спални, посебен дел за дадилката и бебето, и вклучува сала за вежбање и за јога. Градена е од 1680 до 1684 година од архитектот на кралот Чарлс Втори, и во негова околина се погребани кралицата Викторија и принцот Алберт, како и кралот Едвард Осми и неговата сопруга Валис Симпсон, подоцна војвотка од Виндзор.

Куќата е реставрирана и одново декорирана во 1980 година.