Меган и Викторија во хит-принт: Кравата го замени леопардот


Англија- „Леопард“ принтот до неодамна царуваше на модната сцена, но сега полека го истиснува популарниот „крава“ принт. Форсирањето на овој нов и интересен принт го направија две влијателни Британки -војвотката од Сасекс и дизајнерката Викторија Бекам.

Неодамна, на еден хуманитарен настан, Меган Маркл се појави во едноставен црн фустан од модната марка Hatch во комбинација со многу впечатливи чевли со „крава“ принт на Џанвито Роси.

Пријателката на Маркл, модната дизајнерка Викторија Бекам го вклучи „крава“ принтот во својата најнова колекција. На својот Инстаграм профил, таа нагласи дека станува збор за нејзин омилен принт за претстојната сезона.

За среќа, популарниот „крава“ принт може да го најдеме и на многу подостапни модни парчиња. Така, може да одбирате меѓу кожена сукња, кошула и трендовска чантичка која се носи околу струкот со „крава“ принт, или пак да се дотерате во хит-принтот од глава до петици: чевли, маска за мобилен, бикини…