МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки


Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија од Министерството.
– Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје, нагласуваат од Министерството.
Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.
– По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки, велат од МВР за МИА.
„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.