Мајкл Даглас доби ѕвезда во Холивуд


САД– Американскиот актер Мајкл Даглас за своите 50 години на холивудската сцена, доби своја ѕвезда на Патеката на славните, и тоа до онаа на неговиот легендарен татко Кирк.

Даглас (74) е најпознат по улогата во филмот „Волстрит“ (1987), за која доби и „Оскар“, а играше и во околу 60 други филмови. На свеченоста тој  се појави во придружба на неговиот 101-годишен татко, сопругата Кетрин Зета Џонс и колешката од „Кинески синдром“, Џејн Фонда.

– Имав среќа да бидам дел и од класичниот и од современиот Холивуд, изјави Мајкл на настанот.

Тој е и продуцент-оскаровец, а статуетката прв пат ја доби за филмот „Лет над кукавичјото гнездо“ во 1975 година.