Маја Андовска- Илиевски нов директор на Центарот за култура-Битола


Маја Андоновска- Илиевски, актер во Битолскиот театар, избрана е за нов директор на НУ Центар за култура-Битола.

Изборот на Андоновска Илиевски е извршен по завршениот јавен конкурс на Министерството за култура, а функцијата директор ќе ја врши со мандат од 4 години, потврди Андоновска- Илиевски на прес конференција што се одржа денес во Битола.

– Штиците што живот значат не ги напуштив,  ниту ќе ги напуштам бидејќи тоа е мојот личен животен повик и тоа што го работев во битолскиот театар ќе продолжам да го правам играјќи во претставите на кои што сум ангажирана. Но, како новоизбран директор на НУ Центар за култура-Битола максимално ќе се посветам на новата функција бидејќи сметам дека Битола заслужува да има подобри состојби во културата. Ние како град имаме плодна почва за развивање на културата и таа не смее да страда. Пред себе имам предизвик и се чувствувам подготвено за да одговорам на задачата за што понудив програма и програмски новини за што добив доверба, изјави Андоновска- Илиевски.