Маркизио верува во чудо против Реал Мадрид


Фудбалерот на Јувентус Клаудио Маркизио изрази оптимизам дека неговиот тим може да ја надополни негативата од три погодоци во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Доцна синоќа „бјанконерите“ загубија со 3:0 од „белите“, откога Кристијано Роналдо постигна два гола, а Марсело еден.

Маркизио не учествуваше во натпреварот и остана на резервната клупа до самиот крај на средбата.

„Ќе биде исклучително тешко, но ќе се обидеме да се справиме. Оној кој верува дека се е готово, не е еден од нас. Голот на Кристијано беше магичен. Аплаузите од целиот стадион беа одличен гест, што не прави горди. Форца Јуве! Ние го кажуваме тоа гласно, го кажуваме со гордост!“,  напиша Маркизио на својот официјален профил на Твитер.