Марадона: Германија и Шпанија фаворити на СП 2018


Легендарниот аргентински фудбалер Армандо Диего Марадона ги сподели своите размислувања за фаворитите на Светското фудбалско првенство 2018 година, што ќе се одржи во Русија во текот на летото.

– Франција има одлична репрезентација со добри играчи како Погба, но јас не мислам дека е фаворит за трофејот. Ќе беше подобра ако во составот беше и Рибери. Според мене Германија и Шпанија се први фаворити за трофејот на Светското првенство, изјави Марадона за француските медиуми.

Во групната фаза од Мундијалот, Шпанија ќе игра во Б-групата со Португалија, Иран и Мароко, додека Германија е во Ф-групата со Јужна Кореја, Шведска и Мексико. Мундијалот во Русија ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.