Манџукиќ го реши Интер


Со голот на Хрватот Марио Манџукиќ во 66.минута, шампион и лидер во Серија А, тимот на Јувентус синоќа на домашен терен го совлада Интер со 1:0.

По оваа победа Јувентус се зацврсти на врвот во италијанскиот шампионат. Досега „Старата дама“ има 14 победи и еден нерешен резултат.

По 15 одиграни натпревари Интер има биланс девет победи, две нерешени средби и два пораза, доволно за во моментов да биде на третата позиција со 14 бодови заостанување зад лидерот.

Другите натпревари од 15-та рунда во Серија А се играат викендов.