Манчини прифатил двојно пониска плата за да ги предводи „азурите“


Роберто Манчини ги договорил сите детали од неговиот договор со Италијанската фудбалска федерација, соопшти денеска „Газета дело Спорт“.

Италијанецот се согласил на двојно пониска плата во споредба со неговиот сегашен клуб Зенит и ќе добие два милиона евра годишно за да го води „азурите“.

Манчини има договор со Зенит до 2020 година, но тој ќе биде раскинат и официјално ќе биде именуван како тренер на Италија во следните денови.

Тимот од Санкт Петербург е само петти во руската прва лига оваа сезона.