Манчини: Најважнo е да функционираме како тим


Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, истакна дека е возбуден што неговиот тим конечно ќе почне да се натпреварува.

Манчини репрезентацијата на Италија ја презема по неуспехот на квалификациите за Светското првенство во Русија, а претстојните настапи во Лигата на нациите за него ќе бидат први официјални натпревари.

– Возбуден сум што конечно почнува. Верувам дека ќе биде се во ред. Најважна работа е што побрзо да функционираме како тим, истакна Манчини.

Италија првиот натпревар во Лигата на нациите го игра дома на седми септември против Полска, додека три дена подоцна ќе и гостува на Португалија.