Манчестер јунајтед подготвува 60 милиони евра за Даглас Коста


Напаѓачот на Јувентус, Даглас Коста може да го напушти клубот во јануари. Според „Раи Спорт“ Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за ангажман на 28-годишниот Бразилец.

„Црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 60 милиони евра за Коста. Новиот тренер на МЈ Оле Гунар Солскјер е лично заинтересиран за купување на напаѓачот.

Во тековната сезона, Коста одигра 16 натпревари за Јувентус.