Манчестер јунајтед го доби дербито против Ливерпул


Манчестер јунајтед со победа од 2:1 го доби дербито против Ливерпул на „Олд трафорд“, а Маркус Рашфорд ги постигна двата гола за „црвените ѓаволи“.

Рашфорд на Јунајтед му донесе водство во 14.минута од 1:0, а десет минути подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

Иако Ливерпул постојано се обидуваше да ја анулира разликата, намали дури во 66.минута со автоголот на Баи, но потоа не успеа да стигне и до израмнување.

Со оваа победа Манчестер јунајтед се зацврсти на втората позиција и има пет бодови предност во однос на Ливерпул, а седум повеќе од четвртопласираниот Тотенхем.