Манчевски: Холивуд нема што многу да ми понуди освен пари, а пари многу не ми требаат


Интервју за Гласот на Америка по премиерата на Бикини Мун во Њујорк

Најновиот американски филм „“ на реномираниот македонски режисер Милчо Манчевски имаше премиера во Њујорк.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски вели дека е Њујоркчанец и Дебармаалец во едно. Постојано на релација Њујорк-Скопје. И не мирува. Ако не е по фестивали, тогаш подготвува нов филм. И, обратно.

„Па јас со секој филм се оддалечувам од она што до тогаш го имам работено“, вели Манчевски.

Вели, денес, секој е филмаџија. „Сите сме фотографи. Секој има камера в џеб, постира, прикажува он-лајн, документира“, коментира Манчевски.

Бикини Мун имаше светска премиера на фестивалот Сан Паоло во Бразил. Се прикажуваме во неговото Скопје, Шангај, Белград, Нешвил…

„Задоволен сум зашто „Бикини мун“ го провоцира гледачот“, оценува Манчевски.

ЗапрашанХоливуд никогаш не ти стана интересен или ти не си му интересен на Холивуд?

„Па нема што многу да ми понуди освен пари, а пари многу не ми требаат“, коментира режисерот.

Милчо за Гласот на Америка најави дека го снима филмот „Врба“ во Македонија. Првата клапа треба да биде на 25-ти октомври.

Дебар Маало или Њујорк?

„И двата“, не се двоуми режисерот.