МАНУ ќе промовира книга од академик Цветан Грозданов


Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе ја промовира книгата „Студии за охридскиот живопис“ VI том од Собраните дела на академик Цветан Грозданов.

Книгата е издание на „Матица македонска“ и МАНУ и ќе ја промовираат академиците Георги Старделов и Владо Камбовски.

На промоцијата ќе биде прикажан и филм на МРТ посветен на академик Грозданов: „Меѓу иконите и фреските“.