Ману Чао вечерва со соло концерт во Скопје


Францускиот музичар Ману Чао вечерва ќе настапи во Младинскиот културен центар во Скопје, а влезот е бесплатен.

Фестивалот Таксират го најави концертот вчера доцна навечер на само 24 часа пред одржувањето.

Летото во рамките на „Д фестивал“ во Дојран, Ману Чао, имаше изненадувачки концерт за публиката, а тоа повторно ќе се случи и вечерва.

Како што информираа од „Пасворд продукција“-концертот ќе биде акустичен, а Ману Чао ќе настапи само со својата гитара.

Концертот ќе започне во 20:30 часот.