Макрон со видео- порака за референдумот


Францускиот претседател Емануел Макрон ќе има видео-обраќање пред македонската јавност во наредните денови.
Покрај сите европски лидери што деновиве пристиигнуваат во земјава и чие присуство допрва се очекува во наредните седмици, свој придонес во дипломатската поддршка ќе даде и претседателот на Франција.
Неговото обраќање го најави заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, преку порака на социјалните мрежи, по средбата со францускиот амбасадор во Скопје Кристијан Тимоние.
-По средбата со францускиот амбасадор Тимоние, јас сум уште поголем оптимист околу евроатланската иднина на нашата држава. Одлична вест е што францускиот претседател Макрон ќе има видео обраќање до македонските граѓани со поддршка за референдумот, напиша Жерновски.